Франција без поголеми проблеми славеше на вториот денешен меч во Скопје против Германија со 29:21 и го потврди своето место во полуфиналето на Европското првенство. „Триколорките“ со четири победи се убедливо први на табелата, па заедно со Црна Гора ќе бидат репрезентациите кои ќе патуваа за Љубљана на завршницата на континенталниот собир.
Канор со 5 гола беше најефикасна во победничкиот тим, додека кај Германија вечерва Алина Гријселс постигна 7 гола.
Во последното коло, Франција ќе се сретне со Шпанија, доека Џрногорките ќе играат со Холанија.