Катастрофа на тренингот на Франција и крај на сонот за чудесниот напаѓач

21295

Кристофер Нкунку заработи повреда на тренингот на француската репрезентација и поради неа нема да настапи на Светското првенство во Катар.

Овој феноменален напаѓач на РБ Лајпциг нема да биде дел од својот национален тим по стартот на Едуардо Камавинга. Веднаш се виде дека се работи за сериозен проблем, а на крајот беше објавено дека Нкунку мора да го пропушти Мундијалот.

Тренерот на триколорите, Дидие Дешамп веќе побара замена за Нкунку. Напаѓачот на Ајнтрахт од Франкфурт Рандал Коло Муани (23) доби шанса да игра на Светското првенство.

Муани така беше награден за навистина одличните настапи во германскиот тим, но секако е голема штета што феноменалниот Нкунку на ваков начин останува без настап во Катар.

На Светското првенство во Катар Франција е сместена во групата Д, а противници им се селекциите на Австралија, Данска и Тунис.

Првиот натпревар актуелните светски шампиони ќе го одиграат на 22 ноември против Австралија, на 26 ноември ги очекува дуелот со Данците, а на 30 ноември против Тунис.

ПретходноИма ли нешто што не може: Дончиќ со чудесна тројка за радост на Далас (ВИДЕО)
СледноЕден Азар ги откри плановите, подготвен е за голема промена