Младите се сместија на Кипар во очекување на двете пријателски средби

305

Македонската репрезентација до 21. година од синоќа па во следните денови е на Кипар, каде што има закажано пријателски дуели против домаќинот односно Србија.

Селекторот Драган Канатларовски за овие два дуели се одлучи за стандардниот состав без некакви поголеми изненадувања. Има само едно откажување кое не отпатува за Кипар, а тоа е Кристијан Тасевски од Аугзбург, кој поради клупски обврски мораше да го откаже настапот.

Сите останати репрезентативци се на располагање и подготовени да одговорат на обврските.

На 17. ноември, избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе се соочат со домашниот Кипар, а пет дена подоцна ќе одиграме контролна пресметка против Србија.

ПретходноПораз на У18 од Словачка
СледноНовак го декласира Рубљeв за пласман во 1/2 финалето од завршниот мастерс во Торино!