Последен ден од главната фаза: Во Скопје без возбудувања, во Љубљана ќе биде жешко!

146

Денеска се играат последните мечеви од главната фаза на Европското првенство кое се одржува и во Скопје. Во групата во нашиот главен град веќе се е решено околу патниците во полуфиналето, во Љубљана својот билет го заверија Франција и Црна Гора, па нема да има големи возбудувања во салата „Борис Трајковски“.

За разлика од Скопје, во Љубљана сликата е поинаква, таму Данска, Шведска и Словенија ќе се борат за последното место во полуфиналето, актуелниот бранител на титулата својата задача ја заврши порано.

Данска која има шест бода игра против Норвешка. Победа ќе значи пласман меѓу четирите најдобри екипи, реми од второто место, додека победа ќе значи и освојување на првото место.
Словенија е првата репрезентација која ќе го одреди текот на мечевите денеска. Домаќинот игра против Унгарија, па мора да дојде до победа доколку сака да остане во игра за главниот викенд. За Словенија совршено сценарио ќе биде пораз на Шведска од Хрватска и пораз на Данска.
Доколку Шведска и Словенија победат, а Данска загуби, сите три репрезентации ќе имаат по шест бодови. Ќе се формира круг, а во него Швеѓанките ќе имаат предност поради најдобра гол разлика.
Група 1 Љубљана
15:30 Унгарија – Словенија
18:00 Хрватска Шведска
20:30 Норвешка – Данска
Група 2 Скопје
15:30 Романија – Германија
18:00 Холандија – Црна Гора
20:30 Франција – Шпанија
ПретходноВо Катар пиво може да се пие ама во ограничени количини!
СледноУспехот во претквалификациите ни носи и претквалификации за Олимпијада