Македонија утре против Финска ќе го одигра својот претпоследен натпревар за оваа 2022 година. „Рисовите“ имаат ривал по мерка што се вели, да го искажат сиот свој квалитет и да докажат дека оние епизоди во Лигата на Нации се само лошо минато.
Капитенот Стефан Ристовски се врати во тимот откако на последните мечеви поради повреда на беше во составот на А-репрезетрацијата:
„Заморот е присутен. На пример кај нас во Динамо од јуни сме ја почнале сезоната, и имаме 35 мечеви зад нас. Ама денешниот фудбал е тој. Професионализмот не трпи имровизации. За некои играчи ова е добро со оглед на минутажата во клубовите. Репрезентацијата е светост, овие два меча мора да се одработат максимално“.
Ристовски смета дека и овие два меча, утре си Финска а потоа и во недела со Азербејџан, мора да се оди на победа:
„Мислам дека приоритет на секој играч е да се оди на победа. Тука нема дилеми, јас барем така размислувам. Низ вакви мечеви се дига атмосферата, истата тешко се гради а лесно се губи. Овие два меча на дел од играчите добро ќе им дојде да покажат дали имаат капацитет за репрезентацијата“ заврши капитенот.