Љафтов по ждрепката за ЕП 2023: Полска е супер-фаворит, против сите останати може да се игра

219

Само што ги дознаа противниците за следното Европско првенство 2023 година, нашите одбојкари веќе ги направија и првите анализи на ривалите и очекувањата. Македонија во Скопје како домаќин од 28 август следното лето ќе ги пречека селекците на Полска, Холандија, Чешка, Данска и Црна Гора и ќе се бори за историски пласман во втората фаза.

Нашиот репрезентативец Александар Љафтов, по ждрепката вака ги прокоментира ривалите против кои ќе „војуваме“ следната година во Скопје:

„Прво, да кажам дека ова Европско првенство е круна на оваа генерација и секако ќе направиме се за да го постигнеме најдобриот резултат. Што се однесува до противниците кои ги добивме, против сите освен веројатно Полска ќе се обидеме да играме, па дури и да победиме. Мислам дека во моментов Полска има една неверојатна генерација, која следното лето ќе биде уште посилна и која на тоа ЕП ќе оди на злато. Чешка, според мене, е втора по квалитет во нашата група, затоа што има една репрезентација во сериозен раст. Имаат генерација која покажува извонредни резултат и мислам дека следната година ќе бидат уште поквалитетни како тим. Холандија е трет фаворит во групата, но против нив може да се игра и да се носиме, особено со поддршка на нашата публика. Секако дека се фаворити, но не се непобедливи. Против Данска и Црна Гора се надевам дека нема да ги направиме грешките од последното ЕП и со предноста на домашниот терен очекувам најдобра одбојка и битка за победи“, вели нашиот интернационалец кој моментно настапува во првенството на Саудиска Арабија.

 

ПретходноСуси успешно опериран во Тунис! (ФОТО)
СледноСтрашната Аргентина ја “наполни“ селекцијата на ОАЕ! (ВИДЕО)