Александар Ѓорѓевиќ е нов селектор на Кина

205

Српскиот кошаркарски тренер и поранешен кошарка, Александар Ѓорѓевиќ е новиот селектор на кинеската репрезентација, соопшти денеска менаџерот Мишко Ражнатовиќ.

Должината на договорот не е објавена, а кинеските медиуми пренесуваат дека српскиот тренер ќе заработува милион долари годишно.

Ѓорѓевиќ минатата сезона со Фенербахче ја освои титулата во турскиот шампионат, а потоа го напушти клубот од Истанбул. Тој беше тренер на Виртус, Баерн, Панатинаикос, Бенетон, Олимпија од Милано, како и на репрезентацијата на Србија.

Со српската репрезентација освои сребро на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година, Светското првенство во Шпанија во 2014 година и Европското првенство во 2017 година во Турција.

ПретходноНадал: Тажен сум и разочаран, ова е ментална катастрофа!
СледноВо Катар пиво може да се пие ама во ограничени количини!