По интервјуто кое му го даде на Пирс Морган и во кое зборува негативно за Манчестер Јунајтед и тренерот Ерик тен Хејг, Кристијано Роналдо најверојатно ја затвори вратата на клубот и обезбеди трансфер во зимскиот преоден рок. Дејвид Бекам ќе се обиде да го искористи ова за да ја доведе португалската ѕвезда во МЛС и неговиот Интер Мајами.
Преговорите веќе се започнати, пишуваат англиските медиуми. Бекам стапил во контакт со претставниците на Кристијано Роналдо и започнале преговори за негово доведување. Се додава дека одговорот што го добил Бекам бил позитивен, односно дека Роналдо е заинтересиран да дојде во Мајами.
Бекам со сите сили се обидува да донесе познато фудбалско име во својот клуб, порано се пишуваше за Лионел Меси, кој по истекот на договорот со ПСЖ ќе дојде во тимот на Бекам.
Се очекува Роналдо доколку ја прифати поканата на Бекам да стане најплатениот играч во МЛС.