Денешното издание на „Газета Дело Спорт“ објави дека интернационалецот од Алжир, Исмаил Бенасер се договорил за нова соработка со неговиот актуелен тим Милан.
„Росонерите“ му понудиле нов договор, и истиот е прифатен. Бенасер о актуелниот дил беше обврзан до 2024 година, а сега ќе остане минимум до 2027 година во Милано.
Платата на 24-годишниот фудбалер ќе биде 4 милиони евра по сезона плус бонуси, што е големо зголемување од неговата сегашна плата од 1,5 милиони евра. Новиот договор се очекува да биде официјализиран до крајот на оваа година.