Браво за Бобан Илиоски кој успеа да се пласира во големото финале на ЕП во кик бокс кое се одржува во Анталија, Турција. Македонецот во 1/2 финалето го победи Хрватот Борна Манојловиќ со 3-0 во категоријата до 86 кг.
Илиоски во финалето за ривал во битката за златото ќе го има Бугаринот Христо Калајџиев.