Ваљадолид освои бод на дуелот Анаитасуна и тоа благодарение на Димитар Димитриоски. Македонскиот интернационалец во последната секунда постигна гол за 29-29 за голема радост во редовите на неговиот тим.
Димитриоски не постигна било каков гол, туку со цепелин успеа да го совлада противничкиот голман.
На крајот крилото имаше два погодоци од три обиди, додека вториот Македонец, Дарко Димитриевски не се запиша во листата на стрелците (0/2)
Ваљадолид е на десетото место на табелата во шпанскиот шампионат со девет бода.
At.Valladolid saca un punto con el gol de Dimitrievski en el último segundo, tras la colgada del para mi su mejor jugador, Borja Mendez. Cada dia me gusta más verle jugar. Anaitasuna lo ha tenido, pero no ha logrado cerrar el partido y no sale de su negativa racha
⬇️ pic.twitter.com/5tipe6cxpW— Luis Miguel López (@Luismilopez5) November 15, 2022