Нема полуфинале за репрезентацијата на Словенија. Имено попладнево во Љубљана, домашната селекција во решавачкиот меч за нејзе, доживеа шокантен пораз и тоа од Унгарија на која ништо не и требаше, со 25:29. На Словенките им беше непходна победа, но Унгарките одиграа растоварено, без никаков притисок и заслужено победија. Интересно, Унгарија победи на првиот меч на ова ЕП и еве на последниот за нејзе.
Оваа група, во полуфиналето одат Норвешка и Данска.
Во Скопје пак, во исто време играа Германија и Романија, а на кој славеа Германките со 32:28.
Инаку од оваа група и пред мечевите денеска се знае дека во завршницата на ЕП одат Франција и Црна Гора.