ЕП: Холандија ја „торпедира“ немотивираната Ц. Гора, Шведска подобра од Хрватска!

182

Просто неверојатно. Холандија со 42:25 успеа да ја понеди селекцијата на Ц. Гора, во меч од главната фаза од последното коло на ЕП, во групата која се игра во Скопје. Велиме неверојатно, но сепак треба да се знае дека Црногорите беа немотивирани зошто тие од вчера изборија пласман во полуфиналето. Холандија со оваа победа ќе игра за 5.место.

Смитс постигна 7 голови кај Холандија, додека Јауковиќ кај Црна Гора постигна 11 голови.

Во Љубљана пак, Шведска со 31:27 ја победи селекцијата на Хрватска, но бадијала. И оваа не им беше доволна за пласман во полуфиналето со оглед на тоа дека во таа група Норвешка и Данска се најдоа во завршницата на ЕП.

ПретходноФото вест: Славниот Ван дер Варт во “Борис Трајковски“!
СледноДефинитивно крај: Вака Јунајтед му се одмазди на Роналдо! (ВИДЕО)