Кристофер Нкунку заработи повреда на тренингот на француската репрезентација и поради неа нема да настапи на Светското првенство во Катар.
Овој феноменален напаѓач на РБ Лајпциг нема да биде дел од својот национален тим по стартот на Едуардо Камавинга. Веднаш се виде дека се работи за сериозен проблем, а на крајот беше објавено дека Нкунку мора да го пропушти Мундијалот.
🇫🇷 Nkunku contraint de quitter l’entrainement des Bleus en boitant. pic.twitter.com/yJrL7yHP65
— RMC Sport (@RMCsport) November 15, 2022
Тренерот на триколорите, Дидие Дешамп веќе побара замена за Нкунку. Напаѓачот на Ајнтрахт од Франкфурт Рандал Коло Муани (23) доби шанса да игра на Светското првенство.
Муани така беше награден за навистина одличните настапи во германскиот тим, но секако е голема штета што феноменалниот Нкунку на ваков начин останува без настап во Катар.
На Светското првенство во Катар Франција е сместена во групата Д, а противници им се селекциите на Австралија, Данска и Тунис.
Првиот натпревар актуелните светски шампиони ќе го одиграат на 22 ноември против Австралија, на 26 ноември ги очекува дуелот со Данците, а на 30 ноември против Тунис.