Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски е суспендиран на три натпревари во шпанската Ла Лига, објави Марка.
Ваква одлука донесе Дисциплинската комисија поради црвениот картон кој Полјакот го доби на натпреварот од 14. коло на шпанското првенство против Осасуна (2:1).
По втор жолт картон во 31. минута од натпреварот, Полјакот напуштајќи го теренот покажа навредлив гест кон судијата. Барселона нема да може да смета на Левандовски за натпреварите против Еспањол (31.12.), Атлетико Мадрид (08.01.2023) и Бетис (14.01.2023).
Исто така поради навреда на судијата, четири натпревари суспензија доби и дефанзивецот Жерар Пике. Санкцијата е симболична, бидејќи Пике по тој меч ја заврши својата играчка кариера.