Манчини: Италија заслужи да биде во Катар

151

оСветскиот фудбалски великан, репрезентацијата на Италија, не е дел од Мундијалот во Катар. Се знае и зошто во баражот, загуби од Македонија среде Палермо со 0:1. Очигледно дека Италијаните и натаму не можат да се помират со овој факт, па месеци потоа, нивниот селектор Роберто Манчини се навраќа на тој момент кометнирајќи дека на „Азурите“ местот им е на Мундијалот. Вечерва тие играат пријателски дуел против Албанија.

„Ќе биде месец за нас. Чувствуваме голема горчина, но мора да играме и понатаму. Имаме што да видиме и да оцениме. Има работи кои ќе ни користат за во иднина, а ќе ги добиеме од овие дуели. Мораме да испробаме одредени играчи и тактики. Ова е основата на овој спорт. Албанија не е слаба, и се надевам на наш добар дуел. Мора да истакнам дека ми е исклучително тешко месеци наназад. Заслуживме да одиме на Мундијалот, но ги пропуштивме нашите шанси. Ова е фудбал и по голем успех, често доаѓа огромно разочарување. Мундијал без Италија е нешто друго, и мора напорно да работиме за да тоа не се повторни веќе“ – изјави Манчини.

 

ПретходноЕмотивниот Роналдо: „Ја чувам пепелта од својот син, разговарам со него…“!
СледноМилевски: Играме против квалитетни селекции, имаме мотиви кога се игра за Македонија!