Надал: Тажен сум и разочаран, ова е ментална катастрофа!

219

Рафаел Надал беше поразен и во својот втор натпревар од групата на АТП финалето во Торино. Откако во првото коло од Зелената група беше совладан од Тејлор Фриц, шпанскиот тенисе и на вториот меч остана без сет победа. Сега со 6:3, 6:4 Феликс Оже-Алијасим беше подобар од него.

Така Надал остана без шанса да го освои завршниот Мастерс, најголемиот турнир што не го освои, а неговиот сонародник Карлос Алкараз така го обезбеди бројот 1 на крајот од годината.

„Тажен сум и разочаран, но од денеска почнувам со подготовките за 2023 година. Моето тело, годината што беше зад мене и мојата лична ситуација не ми дозволуваат да се борам за титулата. Се борев до крај, но овие два меча беа за мене психолошка катастрофа.

Сето ова, кога ќе ги погледнете последните неколку недели, не е премногу изненадување. Играв два турнири во последните три недели и не можев да го сторам тоа претходно. Не заборавив да се играм тенис, потребно е да проработат психата и менталитетот“, изјави Надал.

ПретходноЕден Азар ги откри плановите, подготвен е за голема промена
СледноАлександар Ѓорѓевиќ е нов селектор на Кина