Неагу бесна: Овие судии не треба да судат на никого!

1589

Романија беше поразена од Црна Гора со 34:35 и го заврши сонот за полуфинале на Европското првенство 2022 година. Овој дуел се игра во групата во Скопје, а по мечот најдобриот стрелец на сите времиња во машка и женска конкуренција на Европските првенства, Кристина Неагу беше шокирана од судењето на австриската судиска двојка Врањеш и Венингер.

„Не знам колку европски мечеви се одиграни вака. Гајле ми е што ќе кажат другите за нас Романците дека за судиите збориме само кога губиме. Ние ја заслуживме победата, тоа се виде на терен. Овие судии не треба да му судат на никого, уште од првата минута беше познато се. Немам ништо против Црна Гора, ја сакам Црна Гора, не е ова вина на девојките, ние бевме подобар тим. Не можете да играте ракомет вака, не можете да играте против вакви одлуки. Би сакала судиите да ги видам своите грешки, ќе биде најдобро да ја прегледаат снимката, Грубиќ направи чекори пред да го добие седмерецот“, изјави Неагу.

ПретходноКошаркар од Австралија јавно призна дека е геј
СледноЕмотивниот Роналдо: „Ја чувам пепелта од својот син, разговарам со него…“!