Пораз на У18 од Словачка

163

Македонската репрезентација до 18. години тешко е поразена предмалку на пријателскиот дуел во Штип против соодветната селекција на Словачка со конечни 1:5.

Противникот не надигра во сите деведесет минути и од самиот старт имаше предност. Потоа во вториот дел нашиот национален тим потполно падна и не успеа да парира против разиграниот противник, па конечниот резултат е сосема реален.

Македонија и Словачка ќе одиграат уште еден дуел.

Стрелец на голот за нашата селекција беше Дино Михолов, големиот талент на Брегалница, во 77.минута за 1:3.

Македонија на овој меч настапи со следниот состав: Стојановиќ, Аризанковски, Стојлески, Бамијоко, Николовски. Зенделовски, Јакупи, Ливарека, Стојанов, Цаноски, Марковски. На клупата на стартот од мечот беа: Џеков, Мухтари, Нурединовски, Сулејман, Адили, Порчу, Адили, Таири, Богдановски, Михолов.

 

ПретходноРистовски: Репрезентацијата е светост, овие два меча мора да се одработат максимално!
СледноМладите се сместија на Кипар во очекување на двете пријателски средби