Пријателски: Германците едвај победија со Оман, Полска минимално против Чиле (ВИДЕО)

184

Германија со многу напор успеа да слави со минимални 1:0 над селекцијата на Оман во последната контрола пред Мундијалот во Катар.

Момците на Ханси Флик се намачија да постигнат гол, а Оманците на 0:0 имаа 100% шанса за водство.

Голот за победа на „панцирите“ го постигна резервистот Никлас Филкруг на десет минути пред крајот на мечот по асистенцијата на Каи Хаверц.

Победа пред Мундијалот оствари и Полска која со голот на Кшиштоф Пјонтек во финишот на мечот го совлада Чиле со 1:0.

ПретходноДефинитивно крај: Вака Јунајтед му се одмазди на Роналдо! (ВИДЕО)
СледноСтруга ТЛ си закажа пријателска со Воска!