Ристовски: Репрезентацијата е светост, овие два меча мора да се одработат максимално!

125

Македонија утре против Финска ќе го одигра својот претпоследен натпревар за оваа 2022 година. „Рисовите“ имаат ривал по мерка што се вели, да го искажат сиот свој квалитет и да докажат дека оние епизоди во Лигата на Нации се само лошо минато.

Капитенот Стефан Ристовски се врати во тимот откако на последните мечеви поради повреда на беше во составот на А-репрезетрацијата:

Заморот е присутен. На пример кај нас во Динамо од јуни сме ја почнале сезоната, и имаме 35 мечеви зад нас. Ама денешниот фудбал е тој. Професионализмот не трпи имровизации. За некои играчи ова е добро со оглед на минутажата во клубовите. Репрезентацијата е светост, овие два меча мора да се одработат максимално“.

Ристовски смета дека и овие два меча, утре си Финска а потоа и во недела со Азербејџан, мора да се оди на победа:

Мислам дека приоритет на секој играч е да се оди на победа. Тука нема дилеми, јас барем така размислувам. Низ вакви мечеви се дига атмосферата, истата тешко се гради а лесно се губи. Овие два меча на дел од играчите добро ќе им дојде да покажат дали имаат капацитет за репрезентацијата“ заврши капитенот.

ПретходноМилевски: Играме против квалитетни селекции, имаме мотиви кога се игра за Македонија!
СледноПораз на У18 од Словачка