Европската Ракометна Асоцијација ЕХФ на денешниот последен ден од натпреварувањето во Скопје додели специјални признанија до Ракометната Федерација на Македонија за беспрекорната организација на ЕП 2022.
„Оваа наградата се доделува на локалниот организациски комитет во Скопје, како признание за напорнатаработа на волонтерите и на целокупниот персонал во градот, за успешното Европско Првенство“, објавија од ЕХФ.
Наградата за локална организација на шампионатот што ја прими Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски ја доделија Габриела Хорват и Божидар Ѓурковиќ како претставници на ЕХФ.
Воедно, ЕХФ додели награда на Централниот Организациски Комитет на Ракометната Федерација на Македонија, што претседателот Живко Мукаетов ја доби од рацете на Генералниот секретар на ЕХФ, Мартин Хауслајтнер.
Исто така, индивидуални награди за својот придонес во целокупниот организациски процес им беа доделени на Јовица Крстаноски, Милан Тодевски, Никола Ѓоргиевски и на Камер Металари, ангажирани од Ракометната федерација.