Специјални признанија од ЕХФ за Ракометната Федерација на Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

203

Европската Ракометна Асоцијација ЕХФ на денешниот последен ден од натпреварувањето во Скопје додели специјални признанија до Ракометната Федерација на Македонија за беспрекорната организација на ЕП 2022.

„Оваа наградата се доделува на локалниот организациски комитет во Скопје, како признание за напорнатаработа на волонтерите и на целокупниот персонал во градот, за успешното Европско Првенство“, објавија од ЕХФ.

Наградата за локална организација на шампионатот што ја прими Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски ја доделија Габриела Хорват и Божидар Ѓурковиќ како претставници на ЕХФ.

Воедно, ЕХФ додели награда на Централниот Организациски Комитет на Ракометната Федерација на Македонија, што претседателот Живко Мукаетов ја доби од рацете на Генералниот секретар на ЕХФ, Мартин Хауслајтнер.

Исто така, индивидуални награди за својот придонес во целокупниот организациски процес им беа доделени на Јовица Крстаноски, Милан Тодевски, Никола Ѓоргиевски и на Камер Металари, ангажирани од Ракометната федерација.

ПретходноСкандал во полската делегација во Катар: Телохранителот на Левандовски бил неонацист!
СледноЕП 2022: Данска ја победи Норвешка и ја избра Црна Гора за ривал во полуфиналето