Македонскиот таеквондо репрезентативец Филип Додевски беше на чекор до медал на Светското првенство во Гвадалахара, Мексико. По одличниот старт и двете побединад преставниците од мароко и Египет, додевски во битката за влез во завршните борби загуби на поени со 2:0 од Никита Рафалович од Узбекистан.
Нашата единствена дама на ова Сп, Мила Рељиќ по стартниот триумф над преставничката на Тајланд во 2. коло беше запрена од петра Столбова од Чешка.
Нашиот најголем адут, олимпискиот медалист Дејан Георгиевски својата прва битка ќе ја има за два дена.