По победата во супер – дербито со Шкендија во саботата, со која победа веројатно Струга Трим Лум ќе дојде и до епитетот есенски шампион, играчите од стратегот Срѓан Захариевски добија мини – одмор од три дена. Па така од денеска тие повторно се во тренинг – ритам.
Со оглед на фактот дека викендов нема натпревари во ПМФЛ, лидерот со закажа пријателска средба со Воска Спорт, третопласираниот тим во ВМФЛ. Овој меч се игра во сабота со почеток од 13 часот на стадионот СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
Убава шанса за Захариевски даја провери формата и на оние играчи кои досега не беа во преден план.