Фенер ќе му понуди 2,5 милиони евра на Ал – Ахли за Алиоски!

212

Како што пишуваат денеска медиумите во Турција, Фенербахче и дефинитивно одлучил да го откупи договорот на Езџјан Алиоски со Ал – Ахли, клубот од Саудиска Арабија. И за тоа ќе му понуди 2,5 милиони евра.

Очигледно е дека турскиот гигант е задоволен од настапите на македонскиот репрезентативец сезонава, кој игра како позајмен играч, и ќе се обиде да го добие Џани во комплетна сопственост.

Сега останува да се види како на ова ќе реагира клубот од Саудиска Арабија.

ПретходноОдбојкарите ги добија ривалите: На ЕП во Скопје против Полска, Холандија, Чешка, Црна Гора и Данска
СледноСуси успешно опериран во Тунис! (ФОТО)