Интересен момент од мечот меѓу Холандија и Црна Гора во салата “Борис Трајковски“ во Скопје. На трибините беше и славниот Рафаел ван дер Варт, некогашниот капитен на репрезентацијата на Холандија, екс играчот на Ајакс, Реал Мадрид, некогаш големо, големо име на европскиот и светски фудбал.
Се разбира дека се знае зошто Холанѓанецот е тука во Скопје. Имено причината е репрезентативката на Холандија, Естевана Полман која му е сопруга.