Има ли нешто што не може: Дончиќ со чудесна тројка за радост на Далас (ВИДЕО)

960

Кошаркарите на Далас на домашен терен го совладаа ЛА Клиперс со 103-101, иако пред крајот на првото полувреме скоро „прокоцкаа“ позитива од 25 поени.

Далас по првата четвртина водеше со 30-15, во тој дел Лука Дончиќ веќе запиша 12 поени, шест асистенции и четири скока. На крајот на првото полувреме тимот на Словенецот отиде на плус 25 (54-29), но мечот не беше решен.

Во продолжение гостите од ЛА заиграа на високо ниво, па поведоа во текот на последната четвртина. Со двете тројки на Булок и невозможната тројка на Дончиќ, кој во обидот да ја спаси токата да не оди во аут го погоди невозможното, домашниот тим дојде до победа.

Тројката на Дончиќ ги воодушеви коментаторот на мечот, кој едноставно заклучи дека само тој може да направи такво нешто.

Дончиќ мечот го заврши со 35 поени, 11 скока, пет асистенции и три загубени топки и по три скока. Тоа беше неговиот 25-ти натпревар во кариерата со 35 или повеќе поени, 10 или повеќе скока и пет или повеќе асистенции, што го прави само третиот играч во историјата на НБА кој одиграл 25 такви натпревари пред својот 25-ти роденден. Во февруари ќе наполни само 24. Оскар Робертсон и Карим Абдул-Џабар беа единствените кои го направија тоа пред него.

Смит додаде 21, додека Динвиди 16 со шест асистенции. На другата страна прв стрелец беше Пол Џорџ со 23 поени.

Резултати од НБА: Њу Орлеанс – Мемфис 113:102, Далас – ЛА Клиперс 103:101, Јута – Њујорк 111:118, Портланд – Сан Антонио 117:110, Сакраменто – Бруклин 153:121.

ПретходноДимитриоски е херојот на Ваљадолид, со цепелин во последната секунда донесе бод (ВИДЕО)
СледноКатастрофа на тренингот на Франција и крај на сонот за чудесниот напаѓач