Нашата А-репрезентација, утре од 18 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје во пријателски натпревар ќе ги одмери силите со селекцијата на Финска. Во пресрет на тој меч, селекторот Благоја Милевски за тоа што може да се очекува од нашите момци на попладневниот прес покрај другото истакна:
„Лигата на Наци е зад нас и тоа е затворена приказна. Се што не очекува се пријателските натпревари кои се пред нас за она што следува, а тоа се квалификациите за ЕП 2024. И двата ривали со кои играме ќе ни донесат многу зошто и двете селекции се квалитетни“ потенција селекторот.
Милевски кажа зна што најмногу ќе се обрне внимание на овие два меча со Финска и Азербејџан:
“Секако дека се зависи од фудбалерите, факт е дека многумина недостасуваат. Се надевам дека до март тоа ќе се промени и дека ќе бидеме комплетни. Ќе пробуваме варијанти и тактика за во функција на воигрување. Имаме и доста нови играчи“
Интересен став на Милевски за евентуален проблем:
“Овие играчи не можат да влезат во проблем зошто знам што можат. За да влезеш во проблем треба да си немоќен а тоа до како јас сум селектор не се случило. Мотивот не може да биде на ниско ниво кога станува збор за македонскиот дрес. Кога нема притисок тогаш нема причина за проблем. Туку само мотив повеќе да се настапи на овие два дуели на највисоко ниво“ заврши Милевски.