Почнаа проблемите: Катарските служби сакаа да ја скршат камерата на данската телевизија ТВ2 (ВИДЕО)

1346

Врховниот комитет на Катар побрза да и се извини на данската телевизија ТВ2, откако на еден од нивните новинари безбедносните служби му се закануваа, додека имаше јавување во живо од Доха.

Известувајќи од Катар неколку дена пред отворањето на Светското првенство репортерот на ТВ2, Расмус Тантолд, се соочи со безбедносните служби кои се појавија пред него со голф кабриолет и му се заканија дека доколку не престане да снима ќе му ја скршат камерата.

Клипот, кој стана вирален низ социјалните мрежи, покажа дека Тантолд на англиски побара појаснување за тоа каде, наводно, ги прекршил правилата за снимање во Катар.

„Го поканивте целиот свет овде. Зошто не можеме да снимаме? Ова е јавно место“, рече тој.

Тој им ја покажа и својата акредитација потврдувајќи ги дозволите за снимање, но обезбедувањето не сакаше да го слушне и продолжи да му се заканува со кршење на камерата.

„Сакаш да ја скршиш? Само напред. Ни се закануваш со кршење на камерата“, прашуваше данскиот репортер.

ПретходноСП во таеквондо: Додевски беше блиску до медал, Рељиќ загуби во 2. коло
СледноПрвиот човек на ОФМ по ждрепката: Ние веќе имаме победа со тоа што го донесовме ЕП во Македонија!