Првиот човек на ОФМ по ждрепката: Ние веќе имаме победа со тоа што го донесовме ЕП во Македонија!

1555

Прва реакција по денешната ждрепка за групите за Европското одбојкарско првенство во 2023 година, чиј ко-организатор е и Македонија, стигна и од првиот човек на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски.

„Првата победа Македонија ја освои со самата органзизација на ова ЕП. Нема лесни противници, ова е завршна фаза, сите противници ни се горе-доле познати, останува да се подготвиме квалитетно и да ја направиме и таа втора победа. Апсолутен фаворит е Полска, ќе го имаме светскиот вицешампион во Скопје, неприкосновени се, со нив ќе играме првпат, а сите останати противници ни се веќе познати. Ги имаме победувано, не победувале и тие, се надеваме на победи во Македонија“, вели првиот човек на ОФМ.

Македонија заедно со Италија, Бугарија и Израел е домаќин на првата фаза од ЕП кое почнува на 28 август следната година.

ПретходноПочнаа проблемите: Катарските служби сакаа да ја скршат камерата на данската телевизија ТВ2 (ВИДЕО)
СледноСкандал во полската делегација во Катар: Телохранителот на Левандовски бил неонацист!