Суси успешно опериран во Тунис! (ФОТО)

260

РК Е. Пелистер ја извести јавноста дека денес врз ракометарот Мохамед Суси успешно беше извршен зафат на коленото. Овој зафат беше неопходен за левиот бек да ги отстрани проблемите со повредата која ја влече подолг период. Оперативниот зафат во родниот Тунис мина во најдобар ред и наскоро Суси ќе го започне рехабилитациониот период. Искусниот бек ќе ги пропушти преостанатите четири натпревари од Европската лига и групата Б на Суперлигата до крајот на годината. Негово враќање се очекува на почетокот на јануарските подготовки за вториот дел на сезоната. На терените Суси предвидено е да заигра на пролетните натпревари во домашните и интернационалните натпреварувања.

May be an image of 1 person, indoor and hospital

ПретходноФенер ќе му понуди 2,5 милиони евра на Ал – Ахли за Алиоски!
СледноЉафтов по ждрепката за ЕП 2023: Полска е супер-фаворит, против сите останати може да се игра