Англија, Велс, Шкотска, Северна Ирска и Република Ирска поднесоа заедничка кандидатура до УЕФА за домаќин на Европското првенство во 2028 година. Засега петте земји предложија проширена листа од 14 стадиони кои можат да се користат за време на турнирот. Нивниот број ќе се намали на десет објекти во април 2023 година, под услов апликацијата да биде успешна. Интересно е тоа што на списокот ги нема култните стадиони како „Емирати“, „Стемфорд Бриџ“ и „Енфилд“. Сепак, англиската престолнина е претставена со три поголеми и помодерни објекти – „Вембли“ и стадионот на Тотенхем. Домаќин во градот Ливерпул ќе биде новиот стадион на Евертон кој треба да биде подготвен за стартот на сезоната 2024/25.