Де Геа збунет: „Кој ви рекол дека се повлекувам oд репрезентацијата?“

343

Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике не го повика голманот на Манчестер Јунајтед на СП во Катар. Интересно, Енрике објасни дека тоа е од технички причини, додека првиот човек на ФС на Шпанија Луис Рубијалес објаснува дека Де Геа се повлекува од репрезентацијата.

Рубијалес му честитал на Де Геа за тоа што се пензионирал од националниот тим, а Де Геа остана зачуден затоа што не кажал такво нешто. Новинарот Хозе Алварез за „Ел Чирингита“ ја опиша сцената.

Тој одеднаш исчезна од списокот на патници на СП. Луис Енрике го повика и му кажа дека нема да смета на него. Давид сакал да знае зошто не е во репрезентацијата, а Енрике му рекол дека тоа е од техничка причина не навлегувајќи во детали. Неколку денови подоцна, Давид добил порака од Рубијалес која гласи: ‘Давиде, мило ми е што си донел одлука да се повлечеш. Ми соопштија дека ја напушташ репрезентацијата. На тоа Давид му одговорил: „Повлекување? Што зборувате? Какво повлекување, кој ви го кажал тоа? Тренерот ми соопшти дека не смета на мене, но никогаш не сум го напуштил националниот тим, ниту планирам, ќе дојдам ако сметаат дека сум потребен“, изјави Де Геа.

Енрике во Катар ги повика Унаи Симон од Билбао, потоа Роберт Санчез од Брајтон и Давид Раја од Брентфорд.

ПретходноОфицијално: Сенегал без Садио Мане на СП
СледноГеоргиевски неочекувано елиминиран уште во 2.коло на СП во Мексико!