Елиф Елмас по мечот со Финска посочи дека Македонија одиграла добар тест меч на кој целта била да се видат недостатоците на терен и истите да се корегираат за следните натпревари.
„Игравме, напаѓавме, но остана проблем со реализацијата. Но, тоа е дел од фудбалот. Затоа и се овие тест дуели, за да согледаме некои недостатоци и да се поправат уште многу работи за да наредните натпревари. Но, навистина сме задоволни што игравме навистина сплотени како тим, иако и ни недостасуваат уште неколку клучни фудбалери. Тука сме на секој натпревар во репрезентативниот дрес да го дадеме максимумот и секако да одиме кон нови предизвици и успеси. Да не заборавиме дека Финска е навистина една силна репрезентација. Мислам дека беше интересен, брз, добар натпревар иако имаше и одредени недостатоци на терен кои ќе мора да ги корегираме во иднина“, изјави Елмас