Катар подмитил еквадорски играчи да го загубат првиот меч на СП!?

946

Катарци можеби има подмитено осум фудбалери на Еквадор за да го загубат првиот натпревар на СП против домашниот тим на Катар. Ова го открива Амџад Таха, новинар, политички аналитичар и регионален шеф на Британскиот центар за студии на Блискиот Исток.

Катар подмитил осум фудбалери на Еквадор за 7,4 милиони долари да го загуби првиот меч на СП со 0:1 со гол во второто полувреме. Пет инсајдери од Катар и Еквадор го потврдија тоа.

Се надевам дека ова е лага. Очекуваме дека оваа информација која стигна до јавноста да влијае на резултатот. Светот мора да реагира и да се спречи корупцијата“, Таха го објави ова на Твитер.

СП 2022 ќе биде отворено на 20 ноември токму со мечот Катар-Еквадор.

ПретходноМароканците ја растурија Грузија, Зијеш постигна гол од пола терен (видео)
СледноДушко Ивановиќ со победа на дебито, Ефес подобра од Барселона