Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта откри дека клубот нема да смее да ангажира нови играчи во јануарскиот преоден рок поради правилата за финансискиот фер-плеј на Ла Лига. Барса се враќа во добра финансиска форма, увери Лапорта, со очекувани приходи оваа сезона од 1,23 милијарди евра и проектиран профит од 274 милиони евра.
“Моравме да направиме некои економски операции кои го спасија клубот од пропаст и сега клубот е здрав. Сепак, според правилата на финансискиот фер-плеј на шпанскиот шампионат, не ни е дозволено да доведеме нови играчи на зима. Ние како и некои други клубови се обидуваат да го убедат раководството на Ла Лига да биде пофлексибилно и да ни дозволи трансфери кои можат да ја направат Барселона уште посилна“, изјави Лапорта за шпанската агенција ЕФЕ.