Македонија оди на победа!

246

Лигата на Нации е архивирана, не вреди повеќе да се навраќаме на тоа што беше пред неколку месеци. Пред нас се квалификациите за ЕП 2024 кои стартуваат во март следната година, а претходно како тестови ги имаме вечерашниот дуел со Финска и оној во недела против Азербејџан.

Вечерва од 18 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, момците на селекторот Благоја Милевски против себе ќе ја имаат квалитетната селекција на Финска, селекција која исто како и ние играше на последното ЕП.

Ривал по мерка за да види до каде сме, што ни треба за тоа што следува. Интересно ќе биде да го видиме враќањето на Илија Несторовски, еден од нашите најдобри напаѓачи кој по пауза од речиси две години се врати во репрезентацијата. И натаму имаме проблеми со повреди, и вечерва во составот ќе го нема „Лавот“ Адеми, но има тука квалитет и сила за да се дојде до втор победа над Финска во историјата на нашата репрезентација.

Убаво рече селекторот Милевски, а се надоврза на пресот и капитенот Ристовски. Без разлика дали е пријателски или квалификациска средба, кога се игра за Македонија секогаш и секаде мора да се даде максимумот, мора да се оди на победа. Само со добри игри победи ќе се билда победничкиот дух.

Само така, никако поинаку.

Елмас, Нестор, Барди, Стефан и компанија секако дека ќе сакаат пред својата домашна публика да покажат дека од март па натаму можеме да сметаме на нив, на нивните добри игри и резултати.

А вечерва нека биде “загревање“ за тоа вистинското, “загревање“ со победа.

ПретходноАргентинците се држат до традицијата: Наместо луксуз одбраа студентски дом поради скара!
СледноЛапорта: Имаме забрана за трансфери во јануари