Немавме решение за Лазетиќ

586

Македонската репрезентација до 19. години со пораз го стартуваше квалификацискиот турнит кој го играме на домашен терен откако предмалку загубивме минимално со 1:2 од Србија.

Иако се надевавме на стартна позитива сепак, немавме решение за најдобриот играч на Србија во оваа генерација, членот на Милан, Марко Лазетиќ кој на два пати погоди во нашата мрежа и е главен „виновник“ за нашиот пораз.

Србија стартуваше подобро на мечот, но ние имавме контрола на нештата. Сепак, пеналот досуден поради играње со рака, Лазетиќ со „паненка“ го реализираше за гостинско водство.

Во вториот дел ние повторно се обидовме нешто да направиме на противничката половина, но не оштети многу и повредата односно замената на Дашмир Елези.

Одличниот центаршут од десно за Лазетиќ значеше 0:2 со оглед на фактот што напаѓачот на Србија на петерецот само се „полкони“ за двојно водство.

Во последните моменти од мечот, Зенку одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник намали на 1:2 но тоа беше се од нас на овој дуел.

Следниот наш дуел е на 20. ноември против Норвешка која што денес го совлада Сан Марино со 2:0.

 

 

Квалификаци У19:

Македонија – Србија 1:2 (0:0)

Комплекс Петар Милошевски

Гледачи: 200

Стрелци: Зенку 86 (М) Лазетиќ 35, 80 (С)

Ж.картони: Серафимов, Ангелов (М) Радојевиќ, Милосавиќ (С)

Македонија: Тасев, Серафимов, Османи, Младеновски, Павлески, Трајков, Мурати, Елези, Анфелов, Тасов, Чиљафи

Игра уште: Чајани, Талески, Зенку, Назифи, Ѓоргиевски

Србија: Каличанин, Радојевиќ, Ковачевиќ, Лековиќ, Стјепановиќ, Миловановиќ, Гордиќ, Миладиновиќ, Кабиќ, Лазетиќ, Јевремовиќ

Играа уште: Мијатовиќ, Молосавиќ, Петковиќ

 

ПретходноПознат стартниот состав: Со Нестор и Елмас во шпицот ќе ја напаѓаме Финска!
СледноСинот на славниот Шумахер по две сезони ќе го загуби местото во Формула 1