Сенегалскиот фудбалски сојуз потврди дека првата ѕвезда на репрезентацијата Садио Мане нема да игра на СП во Катар поради повреда. „Лавовите од Теранга“ до последен миг се надеваа дека тој ќе успее да заздрави навреме и ќе го прескокне само првото или второто коло на СП, но денеска ФС потврди дека Мане нема да патува на Мундијалот.
Инаку, 30-годишниот Мане се повреди играјќи за Баерн на мечот со Вердер на 8 ноември.
„Откако Мане се повреди на 8 ноември ние постојано бевме во контакт со Баерн за да имаме потполна информација за повредата. Следниот ден од клубот ни испратија снимки од магнетната резонанса кои покажаа дека се работи за повреда на десното колено. Тие дури не поканија лично да го прегледаме играчот. Денес се направени нови испитувања, за да видиме дали има некаква шанса Мане да игра на СП. За жел, проблемот не е така лесен. Затоа Мане нема да игра на Мундијалот, а во најбрз рок ќе треба да се оперира“, изјави член на лекарскиот штаб на Сенегал.
Инаку Сенегал на СП е во група со Холандија, Катар и Еквадор.
La @Fsfofficielle souhaite un prompt rétablissement à son joueur Sadio Mané, forfait pour la Coupe du monde 2022. pic.twitter.com/1Df9WrKrmt
— FSF (@Fsfofficielle) November 17, 2022