Велика Британија и Ирска официјално кандидати ЕП 2028

91
Foto: Arne Müseler

Англија, Велс, Шкотска, Северна Ирска и Република Ирска поднесоа заедничка кандидатура до УЕФА за домаќин на Европското првенство во 2028 година. Засега петте земји предложија проширена листа од 14 стадиони кои можат да се користат за време на турнирот. Нивниот број ќе се намали на десет објекти во април 2023 година, под услов апликацијата да биде успешна. Интересно е тоа што на списокот ги нема култните стадиони како „Емирати“, „Стемфорд Бриџ“ и „Енфилд“. Сепак, англиската престолнина е претставена со три поголеми и помодерни објекти – „Вембли“ и стадионот на Тотенхем. Домаќин во градот Ливерпул ќе биде новиот стадион на Евертон кој треба да биде подготвен за стартот на сезоната 2024/25. 

„Веруваме дека заедно можеме да организираме турнир од светска класа. Со децении, Велика Британија и Ирска се успешни домаќини на големи спортски настани, што гарантира дека имаме експертиза и искуство да достигнеме нови височини во организирањето на овој турнир“, се вели во дел од заедничкото соопштение на Велика Британија и Ирска.

Другата сериозна понуда за ЕП 2028 се очекува да биде од Турција. УЕФА својата конечна одлука треба да ја донесе следната година.

ПретходноМладите на мегдан со Кипар (СОСТАВ)
СледноИмаме лош биланс со Финците: Само една победа, а три убедливи порази!