Голужа е замената за поранешниот македонски селектор во ППД Загреб

155

Славко Голужа е новиот тренер на ППД Загреб, потврди хрватскиот клуб. Тој доаѓа на местото на поранешниот македонски селектор, Ивица Обрван, кој оваа сезона не успеа да ги исполни очекувањата.

За познатиот хрватски ракометар и тренер ова ќе биде трет мандат на клупата на хрватскиот шампион, а првиот натпревар во Лигата на шампиони ќе го има на 24. овој месец против Веспрем.

„За почеток, се надевам на позитивен ефект. Во овој месец, кој останува до крајот на првиот дел од сезоната, ќе се обидеме да внесеме мали промени, па ќе видиме колку добро ќе се вклопи. Ситуацијата не е лесна, но со тоа мотивот е поголем и јас имам голем мотив.

Тимот го сочинуваат неколку искусни играчи кои поминале многу во ракометот, но и некои помлади играчи кои штотуку ја започнуваат својата ракометна кариера. Моја задача е да создадам синергија и вистинска атмосфера. Сакам нашиот најдобар играч да биде нашиот тим“, изјави Голужа на промоцијата. 

ПретходноВарадинова освои бронза на ЕП за кик-бокс!
Следно„Златен гонг“: Единасет земји со свои претставници, Македонија со шестмина боксери