Има кој го сака: Роналдо добива понуда од Австралија!?

281

Откако и дефинитивно веќе се знае дека Кристијано Роналдо нема да биде играч на Манчестер Јунајтед, и откако неколку клубови веќе кажаа дека не се заинтересирани за неговите услуги, денеска од далечната Австралија дојде вест дека тие и тоа како се заинтересирани за него, да го видат Португалецот како игра во некој клуб од тамошната А-лига.

Дени Таунсенд, првиот човек на А-лигата изјави дека тие би сакале да го видат Роналдо во Австралија, свесни се дека не можат да им парираат на останатите клубови од Европа во поглед на финансиите, но дека имаат намера деновиве да стапат во контакт со менаџерот на Роналдо и дека се надеваат дека понудата ќе биде прифатена.

ПретходноУжасни вести од Австрија: Легендарниот фудбалер се фрлил под воз!
СледноПолувреме: Македонија игра, но Финска има водство!