Катарци можеби има подмитено осум фудбалери на Еквадор за да го загубат првиот натпревар на СП против домашниот тим на Катар. Ова го открива Амџад Таха, новинар, политички аналитичар и регионален шеф на Британскиот центар за студии на Блискиот Исток.
„Катар подмитил осум фудбалери на Еквадор за 7,4 милиони долари да го загуби првиот меч на СП со 0:1 со гол во второто полувреме. Пет инсајдери од Катар и Еквадор го потврдија тоа.
Се надевам дека ова е лага. Очекуваме дека оваа информација која стигна до јавноста да влијае на резултатот. Светот мора да реагира и да се спречи корупцијата“, Таха го објави ова на Твитер.
СП 2022 ќе биде отворено на 20 ноември токму со мечот Катар-Еквадор.
Match-fixing at the 2022 FIFA World Cup in Qatar? We are shocked! https://t.co/5y39GwHwDx
— BroBible (@BroBible) November 17, 2022