Кајл Вокер го пропушта дуелот со Иран

110

Одбранбениот играч на Манчестер Сити, Кајл Вокер, е во „аут“ за првиот натпревар на Англија на Светското првенство во Катар. Селекторот Герет Саутгејт го вклучи во тимот, иако тој не играше за својот клуб од 2 октомври поради повреда за која беше потребна и операција. 

Сепак, тој не е подготвен да настапи против Иран, в понеделник, и ќе мора да се бара алтернатива во тимот за него.

Втората средба на „Гордиот Албион“ на Светското првенство е против САД на 25 ноември, петок, пред Англија да се сретне со Велс во „Битката за Британија“ на 29 ноември. Десниот бек на Сити, кој често настапува за репрезентацијата и како десен играч во централната бековска тројка, е уверен дека ќе биде подготвен за овие натпревари. 

„Дали ќе играм против Иран зависи од селекторот, но мислам дека првиот натпревар доаѓа прерано за мене. После тоа, сепак, ќе бидам подготвен да играм“, рече Вокер.

ПретходноСтартуваме против Србија
СледноМладите на мегдан со Кипар (СОСТАВ)