Кај Ивановиќ нема „лабаво“: Кошаркарите на Ц. Звезда на тренинг и по 5 часа!

388

Дека работите драстично ќе се сменат во српскиот кошаркарски шампион Црвена Звезда со доаѓањето на новиот тренер Душко Ивановиќ се покажа уште на првите тренинзи.

Како што јавија српските медиуми, човекот кој го презеде кормилото кај белградските „црвено-бели“ веднаш воспостави нови и строги правила меѓу играчите, а покрај тоа реши добро да ги испоти уште на вториот тренинг.

Во текот на вчерашниот ден Ивановиќ го имаше вторио тренинг со тимот кој траел долги 5 часа. Тимот почнал со тренинг во 17 часот и останал во сала се до 22 часот вечерта.

Претседателот на Црвена Звезда, Небојша Човиќ претходно изјави дека раната промена на тренерот е диктирана од желбата на раководството да го зголеми степенот на дисциплина во тимот, а Ивановиќ веројатно ја почна токму таа мисија.

ПретходноНовата компјутерска анализа покажа дека има само еден вистински фаворит за титулата во Катар
СледноБобан Илиоски ќе се бори за златото на ЕП во Турција