Милевски: Не изгледавме добро, повторно проблем е реализацијата

368

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски рече дека е задоволен од одредени работи од играчите, но исто така посочи дека мора да се поправат многу работи до почетокот на квалификациите, пред се ефикасноста.

Што се однесува до реализацијата повторно имавме проблем. Имавме многу шанси, но мора да поработиме на тој момент. Задоволен сум од одредени работи од играчите, но има и доста работи кои треба да ги поправиме до почетокот на квалификациите. Не сум задоволен од тоа како изгледавме денеска. 

Беше добар меч за гледање, но има доста работи кои треба да ги поправиме. Ние сакаме да играме напаѓачки и со висок пресинг. Момците дадоа максимум и не можам да не бидам задоволен, но има многу работи кои треба да ги поправиме за да бидеме конкуренти. “, изјави Милевски.

Ремизиравме 1:1 со Финците и ја прекинавме серијата од 405 минути без постигнат гол, но ни останува низата од четири меча без победа.

Јас бев свесен дека ќе мора да ја освежиме и да ја подмладиме репрезентацијата и верувам дека сме на добар пат. Мораше да дојде до емотивно празнење на поискусните репрезентативци по неколку убави успеси. Мораме да мислиме и на иднината, но не ги отпишуваме сите што се квалитетни, без разлика на годините. Погледнете го Несторовски, се врати, заслужи да игра и одигра одлично. Ми е жал што не постигна гол, а заслужи со желбата со борбеноста, со квалитетот. Имаме добри фудбалери и очекувам убава иднина на македонскиот фудбал“, додаде македонскиот селектор.

ПретходноКанерва: Изедначен меч, па ремито е најреален резултат
СледноПелистер брзо го урна отпорот на дебитантот!