Младите на мегдан со Кипар (СОСТАВ)

437

Македонската репрезентација до 21.година денеска од 13:30 часот по македонско време на Кипар го игра првиот од двата закажани пријателски дуели. Првиот е против домаќинот, а следниот е против Србија.

Селекторот Драган Канатларовски за денешниот дуел се одлучи за следните единаесетмнина.

На голот ќе биде Алчевски, а следуваат Деспотовски, Стојчевски, Златков, Калкан, Илиевски, Станковски, Ѓурковски, Крстевски, Николов и Фета.

Останатите ќе чекаат шанса од клупата за резерви, а се очекува на овие два дуели сите повикани репрезентативци да добијат шанса.

 

ПретходноКајл Вокер го пропушта дуелот со Иран
СледноВелика Британија и Ирска официјално кандидати ЕП 2028