Австралиската влада утрово потврди дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ добил виза и ќе може да игра на Австралија опен во јануари. Деветкратниот Грен слем победник во Мелбурн беше депортиран од Австралија во јануари годинава, бидејќи не беше вакциниран против корона вирусот и поради неможноста за присуството на невакциниран играч според австралиските закони.
По второто откажување на визата и депортацијата, на Ѓоковиќ му беше забранет влез во Австралија на три години, но министерот за имиграција Ендрју Гилс изјави дека го одобрил барањето на српскиот играч, бидејќи веќе нема основа за откажување на визата.
„На Ѓоковиќ му беше одобрена привремена виза за влез во Австралија“, се вели во соопштението на Гилс.
Тениската асоцијација на Австралија соопшти дека ја поздравува одлуката за укинување на визата за осмиот тенисер во светот.