Еден меч ги дели од историја: Аргентина го лови рекордот на Италија

319

Фудбалската репрезентацијата на Аргентина вчера на пријателскиот натпревар со Обединетите Арапски Емирати и победата од 5:0, стигна до бројката од 36 натпревари без пораз.

Момците на селекторот Скалони се на чекор од повторување на рекордот на фудбалската репрезентација на Италија. Италијанците останаа непоразени во 37 последователни натпревари меѓу септември 2018 и октомври 2021 година.

За време на оваа серија без пораз на селекцијата на Аргентина, „гаучосите“ ја освоија и Копа Америка победувајќи го Бразил со 1:0 во финалето во 2021 година.

Веќе првиот меч на СП во Катар против С. Арабија на 22 ноември ќе биде шанса за Аргентина да се израмни со „аѕурите“.

ПретходноВаран за Роналдо: Неговите коментари не погодија сите!
СледноДалас и Денвер не можат без Дончиќ и Јокиќ, Феникс со победа над шампионот